Полскиот автор, македонист Маќеј Кавка добитник на Почесното Рациново признание, годинава Рациновите средби по 63 пат во Велес на 15 и 16 јуни

Петар Печков

Полскиот автор Маќеј Кавка е добитник на Почесното Рациново признание за 2026 година за  афирмација и промоција на македонскиот јазик, литература и култура во странство. Тој е професор на  Јагелонскиот универзитет во Краков. Признанието ќе му биде врачено на завршната вечер од 63 Рацинови средби кои годинава ќе се одржат на 15 и 16 јуни во Велес. Оваа беше објавено на денешната прес конференција за најава на манифестацијата со која Велес и Македонија му оддаваат почит на безвременскиот Рацин. За наградата Рациново признание годинава иам добиено пријави за 25 книги. Жирито кое ќе решава е во состав: проф. доктор Елизабета Шелева,  проф. доктор Лорета Ѓорѓиевска Јаковлева и проф доктор Марија Ѓорѓиева Димова. 

„Научното дело на Кавка создавано повеќе децении, претставува значаен придонес за проучувањето, афирмацијата и меѓународната видливост на македонскиот јазик, литературата и културата. Неговата академска биографија е поврзана со најважните полски научни центри, особено со Јагелонскиот универзитет во Краков, но и со македонската научна и културна средина, со која проф. Кавка одржува трајни, плодни и длабоко посветени врски. Тој не ѝ пристапува на Македонија како на периферен предмет на славистички интерес, туку како на самостоен и богат научен простор во кој се вкрстуваат јазикот, историјата, литературата, културата, медиумите и колективната меморија. Неговата македонистичка работа се движи од контрастивни полско-македонски јазични студии, преку прашања поврзани со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик “ – кажа проф. Весна Мојсовска Чепишевска, член на организациониот одбор на манифестацијата. 

Со голем број статии објавени во Полска и во Македонија, Кавка придонесува македонскиот јазик и македонската култура да бидат претставени како значаен предмет на европската славистичка и лингвистичка мисла. Пишува за делата на Живко Чинго, Петре М. Андреевски и Марко Цепенков. 

Содржините на 63 издание на Рациновите средби започнаа во неделата со трката „Трчаме за Рацин“.  Недела на 8 јуни е крводарителска акција. Понеделник 8 јуни во дворот на Гимназијата во 10ч. е поетско читање а од 11ч. засадување на млади садници за Рацин. Среда 10 јуни тргнуваат утлраматронците кон Лопушник, попладнето е промоцијата на монографијата за Васил Тоџиновски, па промоцијата на списанието Велес и поетско читање во Сокачето на поезијата. Четврток е  Меѓународната научна конференција на тема „Рацин меѓу Мисирков, Андреевски, Стефановски и потоа...“ во организација на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Петок промоцијата на книгата „Кралот над кралевите“ од велешкиот автор Панче Коцев.  Сабота 13 јуни е положување на цвеќе на Лопушник, на местото на погибјето на Рацин.  Понеделник од 20ч. во театарот е Свечено отворање на 63. Рацинови средби  а Беседа за Рацин годинава е на  академик Катица Ќулавкова. Потоа е портрет на добитникот на наградата Рациново признание и  врачување на наградата. Вторник отворање на изложбата на Филип Коруновски,  ликовен уметник. Од 20,30ч.  е свечено затворање на 63. Рацинови средби, портрет на добитникот на наградата Почесно Рациново признание и  врачување на наградата. Потоа следи  меѓународниот поетски митинг. Се тоа во Амфитеатарот на Младински парк.

„Главните настани се на 15 и 16 јуни кога со манифестации за поезијата му оддаваме почит на Рацин. Вкупниот буџет е над еден милион денари, обезбедени од Општина Велес и Министерството за култура“ – рече Марко Колев градоначалник на Велес. 

„Програмата е богата, вклучува многу настани, поетски читања, промоции на книги, кои ќе се случуваат на различни локации од Велeс. Очекуваме големо присуство од граѓаните на Велес, но и гости од Македонија. Секој е добредојден и Велес овие денови ќе пулсира за Рацин“- кажа Снежана Бошевска  член на организациониот одбор на манифестацијата. 

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати