Пожар кон Вршник кој зафати борова шума (видео)

Петар Печков

Попладнево во Велес пожар кој зафати површина од последните куќи кон ридот Вршник. Регистриран е во 18,10 а локализиран во 20ч. Интервенирале десет пожарникари и четири возила на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)  од Велес.

„Поради искрење на жици регистриран е пожар кој зафати 2-3 хектари борова шума и 5 до 6 хектари сува трева и ниско стеблести дрвја. Интервениравме по пријава на граѓани. Во интервенцијата се приклучија граѓани кои живеат во тој дел, потоа  помош добивме и од полицијата. Пожарот со заедничка интервенција е локализиран“ – соопшти Ивица Поповски заменик командир на ТППЕ Велес. 

Тие имале и друга интервенција попладнево кога од силниот ветер морале да симнуваат оштетен лимен кров, на Трговскиот во нова населба, кој  се заканувал по околината, а бил во близина на пазарчето во Нова населба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати