Пожар кај Долно и Горно Чичево, гори голема површина сува трева и ниска вегетација

Петар Печков

Пожарот кој пламна околу 11ч. во близина на селата Горно и Долно Чичево уште е активен. Се шири кон селото Подлес и Клепа. Гори сува трева  и ниска вегетација на голема површина, и над него немаат контрола  екипите кои го локализираат.  Таму се пожарникари од ТППЕ Велес, Неготино, Кавадарци, биле и  ер тракторите и полицискиот хеликоптер. Излегле и мештаните кои со трактори работат да извршат пресеци на теренот, за  огнот  да не се шири.  На терен се  четири возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС. 

„Тука ќе има долга и тешка битка, можеби неколкудневна“- предупреди Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. 

Пожарот во Градско во текот на денот неколкупати ја менуваше динамиката. Опасност има по неколку соседни лозја и овоштарници, кои се наоѓаат во близина на огнот.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати