Пожар во Богомила, изгоре плевна и 400 кг сено

Петар Печков

Во средата навечер во Богомила избувнал пожар, кој бил локализиран со голема пожртвуваност и ангажираност на мештаните а подоцна и пожарникарите. Со тоа  спречено е огнот  да се прошири кон соседните куќи и тие да бидат зафатени.  Интервенирала велешката територијална противпожарна единица, со шест  пожарникари со три возила.

На 27-ми мај  околу 20.30 часот било  пријавено дека во Богомила настанал пожар во плевна, сопственост на М.В.(62) од село Богомила. Во пожарот изгореле околу 400 кг. сено и дел од кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес и локалното население, а повредени лица нема - информираше Верољуб Додевски,  протпарол на СВР Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Велес а истрагата треба да открие која е причината што избувнал огнот.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати