Победи за ФК Превалец и ФК Локомотива Градско

Петар Печков

Две победи и едно реми, за екипата од ОФС Велес, кои настапуваат во Третата фудбалска  лига Југ. ФК Локомотива  во Градско забележа  сигурна победа од 4:1 против 14-то пласираниот тим на ФК Горно Коњари од истоименото прилепско село.  ФК Превалец на гостувањето во Удово славеше со 0:4 против екипата на ФК Младост која беше деветто пласирана. По подолго време ФК Илинден од Башино село остана непоразен, дома играше нерешено 2:2 со екипата на Вардар од Неготино која е седмо пласирана.  

По ова 12 коло, ФК Локомотива е трета со 25 бода   в ФК Превалец  е едно место подолу, четврти со 24 бода  додека ФК Илинден БС останува претпоследен 15-ти со пет бода.

Во последното есенско коло в недела се игра големо дерби во Превалец, каде гостува лидерот ФК Напредок од прилепско  Крушеани.  Илинден БС гостува во прилепско Обршани на истоимената екипа која е  седма со  18 бода колку што има и   екипата на ФК Братство 07  од прилепско Житоше,  која е петта а  каде гостува  ФК Локомотива  од Градско.


Во десеттото коло од Третата фудбалска лига Исток, ФК Работник од Лозово дома загуби од петто пласираната екипа на табелата  ФК Хоризонт  од Турново со 0:3. По ова коло екипата од Лозово останува претпоследна 11-та со само четири бода.  Во последното 11-то коло од есенскиот дел ФК Работник, во дербито на дното,  гостува во Струмица кај екипата на   ФК Тиверија, која е сосед на таблета едно место погоре со седум бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати