Петокот на пладне патничките возови од Скопје и Битола не сообраќале

Петар Печков

Петокот на пладне двата патнички воза од и за Битола не тргнале на нивното патување. Со тоа не се одвивал редовниот железнички сообраќај. Возовите кои поаѓаат од Битола во 12,46 и од Скопје во 14,30 не тргнaле. Иако имало патници кои требало да патуваат со нив, тие морале да користат автобуска линија. Но проблемот беше со патниците од Азот, каде нема редовна линија.

„Без објаснување кажаа дека возот од Скопје нема да тргне. Се најдовме во ситуација да заминеме за дома, за Богомила, а воз нема. Требаше да го чекаме вечерниот. Моравме да се снаоѓаме како знаеме и умееме“ – вели патник.
 
Неофицијалните информации од МЖ се дека возовите не тргнале бидејќи биле со дефект. Вечерните возови сообраќале редовно, како и теи рпеку викендот.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Прво авионско третирање против комарци што ќе се изврши на 15.06.2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Ве замолувам соопштението да се емитува на вашите медиуми во периодот од 12.06.2026 (петок) до 14.06.2026 година (недела). Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати