Патот до езеро Младост е со исти димензии како претходно, вели директорот на ЈПДП Рустеми

Петар Печков

Министерот за транспорт Благој  Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми   претпладнево извршиле увид  на регионалниот пат Велес - езеро Младост во должина од 4,8 км, за кој јавноста во Велес силно реагираше дека е потесен  во широчина и до еден метар. Наместо 5,50 метри тој е широк помеѓу 4,50 и 4,60 метри.  Ејупи објасни дека патот е со иста широчина, како што бил и претходно.

„На регионалниот пат за кој прашувате, имавме проект за рехабилитација, не за реконструкција. Тоа во пракса значи, при рехабилитација димензиите остануваат исти додека при реконструкција . Ние го рехабилитиравме патот , според димензиите кои беа претходно, како што тој беше димензиониран. Ние не излеговме ниту малку од постојните димензии.  За да  го прошириме, требаше да работиме реконструкција и да се врши експропријација на околното земјиште. Патот беше финансиран од ЕБОР, се обидовме да го измениме проектот, но тие како финансиер не прифаќаа да го промената проектот од рехабилитација на реконструкција.  Затоа димензиите на патот од Велес до езеро Младост е исти како што беа претходно“ - кажа Рустеми, одговрајќи на новинарско прашање.   

Познавачите велат дека поради тоа што патот е по потесен во широчина, истиот и по половина година од рехабилитацијата не е одбележан со хоризонтална  сообраќајна сигнализација, како што беше претходно, бидејќи најмалата широчина на една коловозна лента не треба да биде помалку од 2,70м. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати