Петар Печков
Објавено: вторник, 27 мај 2025
Понеделникот претпладне на вториот железнички премин од патот кон Чашка, патничкиот воз удрил во автомобил. Среќна околност е што нема повредени патници, освен малата материјална штета на возилото. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 26 мај во СВР Велес е пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес-Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.О.(23 год) од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од К.З.(39 год) од Скопје“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. Во несреќата повредени лица нема.
Екипата на Итната помош која била испратена на местото на сообраќајката, немала потреба од интервенција.
Патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвиваше наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај беше во прекин во периодот од 09:34 до 10:45 часот. Или возот до тука доцнел 100 минути, плус чекањето од 70 минути додека бил увидот, вкупно доцнел три часа.