Од утре, среда, во Велeс по 59 пат Детските Рацинови средби

Петар Печков

Како дел од содржините на на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, од  утре среда  11-ти  до  понеделник 16 ноември, ќе се одржат 59-тите Детски Рацинови средби. 

Манифестација е посветена на творештвото, литературата и уметничкото изразување на најмладите.
Поетскиот конкурс е на тема „Моето и Рациновото утре“ на кое можеа да учествуваат ученици во три возрасни категории од 6-7 одделение, 8 и 9 одделение и за средните училишта. Ликовниот конкурс  кој е за истите категории е на тема „Рацин и неговите стихови преточени во слика“. И двата конкурси беа меѓународни. 

Програмата опфаќа литературни, ликовни и грнчарски работилници, книжевни средби, посети на Спомен-куќата на Рацин. Свечената завршна програма со доделување награди на најуспешните ученици е најавена за понеделник од 14ч. во салата Бели мугри. 

Предвидена е промоција на книгата „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска, запознавање со поетското творештво на поетесата Македонска Јанчевска. 

Организатор на 59 Детски Рацинови средби e  Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати