Од сервисирање од Хрватска се вратија двата авиони за гаснење на пожари

Петар Печков

Двата „ер трактор“ авиони за гаснење на пожари на отворени се вратија во Македонија.  Така сега  сите три сега се подготвени и во можност, по потреба да интервенираат.

„Вчера, четврток се врати едниот од  двата авиони кој беше  на сервис а денес доколку пладне слета и вториот. Со тоа сите три се сервисирани и подготвени за интервенција“ - информираа од Дирекцијата за заштита и спасување ( ДСЗ).  

Двата авиони „ер трактор“ беа во Хрватска на  поправка . Од ДЗС велат дека се подготвени за летото и потенцијалната опасност од пожари, а формирани се и дежурни екипи.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК)  изминатото деноноќие во Македонија  имало 19 пожари, сите на отворено и сите до доцна вечерта  биле локализирани. Утрово немало  активен пожар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати