Одбојкарите на Борец во полуфиналето на Купот со ОК Струмица

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец го добија за противник тимот на ОК Струмица во полуфиналето на Купот на Македонија. Вториот пар  e ОК Универзитет Гоце Делчев и ОК Работнички. Завршницата на турнирот се игра во Радовиш, следниот виекнд од 3 до 5 април.  Велешани беа дел од завршницата на Купот пред две години, кога во финалето загубија од ОК Струмица.

ОК Борец синоќа во салата Гемиџии  играше првенствен натпревар од претпоследното 9 коло на екипите кои играат за првите шест  места. Загубија со максимални 0:3 од лидерот ОК УГД од Штип. Но остануваат трети и во полуфиналето за титулата првак ќе играат повторно со ОК Струмица.

Извршена е и ждрепката за елиминациското коло од Купот во ракомет. РК Фруитленд игра со РК Овче Поле во Свети Николе. Се игра една средба која на програмата е овој викенд.  Победникот игра а во групната фаза, на 16 екипи,  што ќе се игра на 26/27 април.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати