Обвинетите за разбојништвото над велешанец дома, при што користеле електрошок, не признаваат вина

Петар Печков

Серџук Шерифов од Струмица и Димче Цветков од Велес, обвинети за кривичното дело разбојништво не признаа вина за тоа што ги товари ОЈО Велес.

Според обвинението тие во група на 16 октомври 2024 година го нападнале оштетениот, сега починат. Заѕвониле на ѕвончето во зграда на центарот на градот, откако тој излегол да отвори, бил нападнат со електрошок, онеспособен, и откако паднал на подот одвлечкан во соседен стан, каде го заклучиле. Двајцата обвинети влегле во неговиот дом и одзеле пари и накит. 

Тие се гонат за разбојништво член 237 став 4, каде пропишаната минимална казна затвор е 10 години. Ако при извршувањето на делото на некое лице со умисла му е нанесена тешка телесна повреда или ако делото е сторено во состав на група, банда или ако е употребено огнено оружје или опасно орудие сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Шерифов и Цветков на  прашањето од Ангел Трипчев судечкиот судија  на петчлениот судски кривичен совет, дали се чувствуваат виновни, кратко одговорија „не“. 

Бранителот на Цветков, адвокат Ристе Каров кажа дека обвинителството нема материјални докази оти Цветков е сторител на разбојништвото.

„Од приложеното ЦД како доказ, од видео снимката, не може да се констатира дека обвинетите одговараат на конституцијата на лицата кои го извршиле разбојништвото. Изјавата дадена од оштетениот сега починат, пред ОЈО Велес не одговара според описот и изгледот на обвинетите. Извештајот од ДНК анализата  најдена на местото на настанот, не одговара на профилот на мојот клиент Димче. На сите предмети од кривичното дело, не се  наоѓаат траги од обвинетиот , освен ѕвончето од домот на оштетениот. Тоа не се траги од моментот кога се случил настанот, за што конкретно ќе докажам во текот на расправата“ – кажа адвокатот Каров. 

Беа сослушани двајца сведоци, пријатели на обвинетите, во однос на нивните информации за Шерифов и Цветков, за нивното дружење,  движењето низ град, работата.

фото архива ТрМр  

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати