Нова победа на РК Бисинов, се поблизу се до Супер лигата

Петар Печков

Започна доигрувањето за пласман во прва лига. Кошаркарите на КК Борец баскет загубија во Чаир од екипата на КК Шкупи.  Чаирчани имаа најубедлив старт  во четирите средби, Шкупи со (110:74) славеше победа над велешки Борец Баскет.  По релативно изедначениот почеток, домачинот  имаше фуриозни десет минути. Во втората четвртина домаќините направија (39-15) за релаксирани втори 20.минути. Вториот наптревар се игра во Велес а во полуфианеле оди   екипата која прва ќе стигне до две победи.

Во разигрувањето за пласман во Супер лигата во ракомет, РК Бисинов со 26:23 го совлада тимот на РК Јехона во Гостивар во израмнет натпревар,во  кој домаќините го добија првото полувреме со високи 8:13.  Велешани  поведоа во 40 минута со 18:17, предност од еден гол која ја сочуваа до крајот. Со ова помладиот велешки тим има седум победи во седум натпревари и е на пат за пласман во најдобрите 12 екипи. И следното коло играат дома, тогаш со последно пласираниот тим на РК Шампион кој нема ниту еден бод.  Постариот велешки ракометен лигаш  МКР Борец ова коло беше слободен. Во следното игра во Струмица со РК Астарион кој е второпласиран.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати