Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јули 2026
Утрово од 8 до 10ч. екипите на ЈЗУ Здравствен дом Велес, повторно превентивни здравствени прегледи делеа совети за справување со високите температури. Но и вршеа проверка на нивото на присуство на шеќер во крвта, крвен притисок. Активноста беше реализирана во дворот на ОУ Панко Брашнар. Овој пат на терен беа две екипи со висок интерес од граѓаните.
„Дваесетина отсто од прегледаните беа со покачено ниво на шеќер во крвта, додека крвниот притисок беше во ред. Повеќето од посетителите беа од возрасната категорија, кои редовно ги посетуваат нивните матични лекари на преглед. Им кажавме како да се справат со предизвиците од високите температури, им дадовме совети, насоки. Редовно да ја пијат терапијата, да избегнуваат движење во периодот од денот од 10 до 19ч. кога е најжешкиот дел. Потоа често да се внесуваат течности, избегнување директно на сончеви зраци, или да се носи заштитна облека, да се премачкуваат со висок заштитен фактор“ – кажа д-р Славица Нешова Пановски.
На оваа активност се делеше и вода за пиење. ЈЗУ Здравствен дом Велес ќе продолжи со превентивни настани во август, бидејќи метеоролозите најавуваат следните денови опаѓање на дневната температура.
