Новата фирма која на јавен повик доби поставување на билборди во Велес, плати четири пати поскапо отколку претходниот корисник

Петар Печков

Скопска „Акцент медија“  понуди најдобра цена на јавниот повик за поставување на билборди на територијата на Општина Велес. Таа на аукцијата која се  одржа на 12 февруари  и учествуваа три фирми, пакетот за поставување, го доби со вредност од 1.430.000 денари на годишно ниво. Правото на работа е за наредните пет години.
За илустрација досегашниот корисник на билбордите плаќаше четири пати пониска годишна цена,од  350.500 денари.

Новина од годинава е што во Велес ќе бидат поставени и   дигитални паметни реклами паноа и тоа 27 на број. За ова се пријавила само една фирма,  Гоат Маркет ДОО Гевгелија која го добила пакетот за 210.080 денари на годишно ниво и како единствена успеала да ја спушти почетната цена од 300.000 денари. И таа со рекламирањето преку  овие дигитални паноа ќе управува пет години.  
Досегашниот корисник треба да ги отстрани старите билборди а новиот корисник  веќе ги поставува неговите билборди.   

Новите корисници на билбордите должни се на сметка на општината да уплаќаат и годишна комунална такса од 1.200 денари по билборд, како и надоместок за приклучок на потрошена електрична енергија за дигитално паметните рекламни паноа, и  за билбордите доколку постават осветлување на истите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати