Нема ново заразени а има 38 оздравени, починат велешанец на 51 годишна возраст

Петар Печков

Денес среда, во велешко нема регистрирано случај на ново заразен со ковид-19 а  има дури 38 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи е 310 а досега се имаат заразено 2.970 лица.

Денес има починато еден велешанец на 51 годишна возраст,  информација која ја соопшти Министерството за здравство а лицето не било на лекување во велешка Болница. Ова е 100-тиот пациент од велешко кој починува од последици на корона вирусот.

Вкупно  во велешка Болница се хоспитализирани 25, на Инфективно  се 23  а на  Интерно двајца пациенти. Од лежечките пациенти  кои 22 се потврдени позитивни   и тројца  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 9 пациенти. Од Болница се испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати