На територијата на СВР Велес, ноќеска и утрово полицијата регистирала два изборни инциденти

Петар Печков

Полицијата на територијата на СВР Велес, ноќеска и утрово била регистирани два изборни инциденти.  

„Утрово (сабота) во 8 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59 год) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен телефон“ – инфомрира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Со Г.П. бил извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На 18 октомври  во 02:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го приведоа А.Ѓ.(33 год) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко“ – дополни Ѓаковска.

А.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати