На овие локални избори најмала излезеност и најмногу неважечки ливчиња

Петар Печков

На годинашниве локални избори најмала излезеност а најмногу неважечки ливчиња. Тоа е статистиката според објавените податоци на ДИК за Велес.

При изборот за градоначалник  на овие локални избори 2025 година имало дури 8,2%  или 1.569 неважечки ливчиња  од 19.079 излезени гласачи. Во 2021 процентот бил 4 осто, во 2017 3,8 отсто а во 2013 во прв круг 3% а во втор круг 2,2%. 

При гласањето за листите за членови на Совет годинава имало 6,3% или 1.205 неважечки ливчиња од 19.079 изелезени граѓани. Во 2021 трој процент е 3,9, во 2017 е 4 отсто а во 2013 е 4,3%. жѓ

Ќе остане забележан податокот  дека за локалните избори 2013 година имаше регистриано 900 болни, наспроти претходните  и следните изборни циклуси, кога не намдинуваше 100 лица.

Излезеноста на гласачите низ годините, за локалните избори
2009 – втор круг 60,4%
2013 – втор круг 71,75%
2017 –прв круг 64,12%
2021 –прв круг  52,28%
2025 –прв круг 42,44%

Состојбата со неважечките ливчиња во соседните општини  на овие локални избори е следна. 
За Совет  Лозово -85/1.413 -  6%
Градско -117/1.738 -6,7%
Чашка – 174/4.579 -3,8%

За градоначалник
Лозово – 90/1.413   6,3%
Градско - 86/1.748  5%
Чашка – 73/ 4.579   1,6%

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати