Петар Печков
Објавено: сабота, 04 октомври 2025
Велес не е град како што беше во минатото, заостанува во развојот, споредено со соседните општини Штип и Кавадарци. Велес е запуштен и заборавен, нечист град, со сообраќан хаос, со запуштени паркови. Актуелниот градоначалник се китИ со туѓи пердуви, затоа што наследи големи проекти, со обезбедени средства од ЕУ. Ова го кажа вечерва Маја Хеско, кандидат за градоначалник на Велес, од коалицијата на СДСМ.
„Велес мора да добие вистински градоначалник, по четирите изгубени години. На Велес му е потребна градоначалничка со ингегритет, кредибилитет, знаење, способност, решителност, храброст, вистински стратег и визионер. На Велес не му треба градоначалник, кој иако наследи општина без долгови, не обезбеди ниту евро од фондовите на ЕУ. Во индустриските зони не е асфалтиран ниту еден метар, нема канализација и водовод. Имам волја, желба и знаење, енергија за да ви служам вам и да работам во ваш интерес. Ќе работам чесно и одговорно, со голема љубов и посветеност. Домаќински ќе ја водам општината и домаќински ќе работам со парите од Буџетот“ - кажа Хеско.
Таа најави дел од проектите кои планира да ги реализира. Дигитализација на улугите на локалната власт, реновирање на училиштата и градинките, отстранување на бариерите кон јавните објекти и институции за лицата со попреченост, дом за стари лица во општинските простории од Хотелот Вила Зора, детска градинка, колекторски систем и пречистителна станица за Велес. На Велес му требаат мостови преку Вардар кај Башино село и кај Речани. Пошумување на околните голи ридови. Изградба на кеј по Вардар до Градски парк.
На присутните се обрати лидерот Венко Филипе. Кој рече дека СДСМ изминатиот период поднел пет иницијативи за покачување на платите и на минималната и на просечната. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги одбила сите, бидејќи им бил поважен крупниот капитал, отколку работникот. Нуделе минимална плата од 500 евра, не популистички туку со јасна методологија.
Власта поради интересите на неколку големи компании, кои биле блиски до нив, ги оставила работниците по страна. Време е државата да се врати на страна на работниците, порача Филипче и ја праша Владата за кого работи за граѓаните или олигарсите.
„Помина година и пол од оваа власт. Имавме доволно време да видиме со кого имаме работа и какви политики креираат. Доволно време да сфатиме дека имаме работа со арогантна власт, која нема чувство за вистинските потреби на луѓето. И како опозиција ги имаме истите политики како граѓаните, како кога бевме на власт. Поддршка, покачени плати, реална полтитика за подобрување на стандардот на луѓето. Имаше релано добир закони со кој се олеснуваше секојдневието, кој за жал не беа прифатени“ – изјави Венко филипче претседател на СДСМ.
Кажа дека во времето на нивното владеење, со помош на тогашниот пратеник Ненад Коциќ, ги смениле Законите за рано лекување на малигни болести кај жената, за прв пат се вовела биолошка терапија, втора линиска терапија за карцином на дојка, на бели дробови, на меланом на кожа, на дебело црево. За жал тоа сега се распаднало, пациентите сега не можеле пет скен да закажат а лековите ги купувале во странство, таква грижа водел ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните. Филипче порача дека ако граѓаните сакаат Велес да биде убав, среден, по Европски стандарди, нека гласаат за нивниот кандидат Маја Хеско.
Пред присутните се обрати и Јованче Манасков, носител на листата на коалицијата на СДСМ.
„Велес е град без сериозни инфраструктурни проекти. Општина на три реки, загадени и узурпирани, езерото е во клиничка смрт, општина во која секоја година има се повеќе одлив на млади и способни луѓе и одлив на деца, овпштина во која завладеа белата чума. Во градот има чесни и поштени луѓе, кои се ставени на страна, замолчени. Промени се прават кога гласно ги бараш своите граѓански права и слободи, кога се преиспитуваш и ги поправаш своите грешки. Ќе бидеме гласот на народот во Советот, ќе се бориме за секој граѓанин, да го врати достоинството на Велес, град со еднакви можности за сите“ – кажа Манасков.