Најновата авантура на Војна на ѕвездите, Мандалорецот и Грегу во Киноверзум Велес

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, три се премиери.  

Долгоочекуваната авантура  Војна на ѕвездите, Мандалорецот и Грегу, од четврток секоја вечер од 19,55ч.  Некогаш осамен ловец на награди, мандалорецот Дин Џарин и неговиот ученик Грогу тргнуваат во возбудлива нова авантура од светот на „Војна на ѕвездите“.  Лошата Империја е поразена, а империјалните воени команданти се останати распрскани ширум галаксијата. Младата Нова Република се обидува да го заштити сето она за што се бореле бунтовниците и на помош го повикува легендарниот мандалориски ловец на уцени, Дин Џарин и неговиот млад ученик Грогу. 
 
Хоророт „Опсесија“ се прикажува четврток, сабота и среда од 22,15ч. Филмот кој имаше светска премиера минатата седмица е на трето место по гледаност во светот.  Млад човек ја ослободува моќта на мистериозен предмет во желбата да освои љубов, но наскоро открива дека секоја желба носи мрачна и злокобна цена.

Јунаците на цртаните филмови Том и Џери се враќаат на големото платно, со филмот Магичниот  компас.    Во раздвиженото срце на Менхетен, паметниот и досетлив глушец Џери се провлекува во Метрополитен музејот на уметноста за да види голема изложба и митскиот „Астрален компас“. Мачорот Том, кој му е секогаш зад опашката, станува нов чувар на музејот и ќе направи сè за да го запре Џери. Во хаотичната потера, бесценетиот компас паѓа и се крши, катапултирајќи ги Том и Џери низ времето – директно во блескав, златен град во древна Кина. Се прикажува од 18 секој ден, освен понеделник, неработен ден и недела од 20,15 ч.  

И натаму е на репертоарот „Ѓаволот носи прада 2“.  Филмот кој носи возбуда од женски интриги, трачеви, мода. Филм кој не остава рамнодушен. Се прикажува петок,  недела, вторник од 22,15ч.  

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати