Наесен во велешките средни училишта се предвидуваат 1.190 слободни места

Петар Печков

Според планот за упис во наредната учебна  година, 2018/19 година во четирите средни училишта во Велес има  1.190 места. Тој е доставен до Министерството за образование и наука, кое го распишува конкурсот за упис.  

Со него за следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1.190 ученици во 35 паралелки од кои 34 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик. Во Гимназијата бројката е 238 ученика, во Коле Неделковски  е 374, во Димитрија Чупоски 306 и во Економското Јовче Тесличков  272 учениka.  

Локалните власти  овие бројки  ги темелат на: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците,високо- образовните институции и работните организации.

Истовремено во општинските основни училишта во велешко оваа година  учат вкупно 490 деветоодделенци, од кои настава на македонски наставен јазик следат 450 ученици и 40 ученици на албански наставен јазик.  Локалните власти  очекуваат во велешките средни  да се запишат и деветтоодделенци од соседните општини  Градско, Чашка и Лозово.

Новина е што годинава  во  Хемиското   училиште ,,Димитрија Чупоски,,  се предвидуваат две  нови струки,  еден клас од 34 ученика за техничар за оптика  и еден клас техничар за заштита на животна средина. Во Економското ,,Јовче Тесличков,,  планирана е нова струка бизнис администратор. 

 Од друга страна  во крзнарата ,,Димко Митрев,, имаат потреба  од крзнари, струка што   ја  нема во Македонија а тие вработуваат токму таков профил. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати