Од есен 768 слободни места во прва година во четирите средни училишта во градот, 62 помалку од лани

Петар Печков

Министерството за образование го објави конкурсот за упис во државните средни училишта. Во прва година во четирите средни училишта во Велес, за учебната 2024/25 има слободни 768 места за ученици во прва година, што е за 62 помалку отколку лани.  

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки. Од нив 102 ученика во три  паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во две паралелки со настава на албански јазик а новина е што годинава се предвидува   билингвална паралека на македонско –англиски јазик со 34 ученици. Во Гимназијата и годинава  има и паралелка на Спортска академија за фудбал.

Во Економското училиште „Јове Тесличков“ во прва година ќе се запишат 118 ученици во 4 паралелки. Од нив 84 ученици во три  паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. За економски техничар/правен техничар, бизнис администратор   има  1 паралелка  со четири годишно образование за 25 ученици. За техничар за е-трговија и дигитален маркетинг има слободни  34  места во  една  паралелка со  4 годишно образование. За продавач - референт за продажни услуги  има  25  места во  една  паралелка со  3  годишно образование.  На албански јазик е паралелката за  економски техничар  со 34 ученици , една паралелка  и  4 годишно образование.  

Во „Коле Неделковска“ во  прва година ќе се запишат 329  ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик. Во Машинска струка  има слободни  109  места  во  4 паралелки.  За машински техничар/ техничар за производно машинство  25 ученици, за техничар за компјутерско управување/машинско енергетски техничар мак 34 ученика, за машински техничар за моторни возила 25 ученици, сите со четири годишно образование  и за автомеханичар/заварувач/ бравар/браварка  25 ученици со три годишно образование.

Во Електротехничка струка  има слободни места за 161 ученици во 5 паралелки. За електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 ученици, за .електротехничар за електроника и телекомуникации 34 ученика,  техничар за индустриска мехатроника/електротехничаренергетичар  25 ученици сите со четири годишно обраозваниое и за автоелектричар 34 ученика со две годишно обраозвание. За сообраќајна струка  има место за 34 ученици во една   паралелка, за техничар за транспорт и шпедиција, со четири годишно образование. Во Угостителско - туристичка струка  има слободни  25 места во  1 паралелка, за готвач/ келнер/ слаткар со три годишно образование.

Во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе се запишат 117 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во хемиско - технолошка струка  59  ученици во две паралелки, техничар за заштита на животна средина/хемиско лабораториски техничар  со четири годишно образование 25 ученика  и  месопреработувач / пекар со три годишно образование со 30 ученици.  Во здравствена струка - има слободни 84 места во 3 паралелки, за медицинска сестра  со 34 ученици, фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo-санитарен техничар со 25 ученици,  физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра со  25  ученика. Сите три паралелки се со четири годишно образование.  Лични услуги - техничар за козметичка нега и убавина има  слободни  34 места во  1 паралелка, во четири годишно образование.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни- јули. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука.

Првото електронско  пријавување на учениците ќе се врши од  20 јуни до25 јуни до 15ч. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 26 јуни 2024 година до 9 часот.

Второто електронско  пријавување на учениците ќе се врши на 01 и 02 јули до  15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 03 јули  2024 година до 9 часот.

Пријавување на учениците ќе се врши  и на 21 август од 07,00 до 17,00  часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2024 година до 12 ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати