Надојдената Маркова река оштети стотина метри од пругата помеѓу Драчево и Лисиче

Петар Печков

Надојдената Маркова река предизвика големи оштетувања на пругата помеѓу Скопје и Велес, на делница Лисиче –Драчево.

Проценките на стручните лица од МЖ се дека е однесен нанос, каде е поставената пругата, во должина од стотина метри. Овие оштетувања нема да го сопрат железничкиот сообраќај, тој ќе продолжи но ќе има зголемено времетраење на патувањето, најавуваат од Македонски железници.

„Штетите се големи, наносот каде е поставена пругата е однесен во должина од околу стотина метри. Возовите на оваа релација ќе ја користат пругата преку Трубарево, што значи дека нема да има прекин, но патувањето ќе трае подолго. Можно е некој воз да биде времено сопрен“ – соопштија од Македонски железници.

Претпладнево жеелзничкиот сообраќчај од Скопје кон Велес и обратно се одвива непречено, но со задоцнувања на патничките возови.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати