Момче возело мотоцикл кој не бил регистриран на игралиштето во Дворови, ниту имал дозвола

Петар Печков

Ноќеска после полноќ момче управувал мотор на патеката од игралиштето од месноста Дворови. Откако возењето било објавено на социјалните мрежи, полицијата реагирала, го лишила од слобода и го одзела моторот. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 17 јули  во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување – соопштија од велешката полиција.

Мотоциклот бил одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од билтенот на велешка полиција, уште два настани.

„На 16 јули  околу 04:00 часот во СВР Велес, од Ургентен центар при ЈЗУ „Општа болница“- Велес е пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р.(27 год) од Велес. Според пријавеното, околу 03:00 часот пред Железничката станица Велес, при премостување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која бил машиновозачот Т.Р., кој при тоа се здобил со телесна повреда“

„На 17 јули во 07:30 часот, во СВР Велес, А.Ј.(49 год) од Велес пријави дека додека била на работа во угостителски објект во Велес, била физички нападната од М.Т., нејзина колешка“

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати