Момче дошло од Германија и бил учесник во групна тепачка на пазар

Петар Печков


Од билтенот на велешката полиција изминатите 24 часа

На 9 јули во 19:30 часот во СВР Велес е пријавено дека во градскиот пазар во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Ј.(19 год) од Германија и 16- годишен малолетник од Велес од една страна и Б.В.(41 год) и А.П.(32 год), двајцата од Велес од друга страна.

На 10 јули  во 2:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода У.Ф.(35 год) од Велес. Тој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати