Мицкоски- на овие избори немаме натпревар на идеи, проекти, опозицијата нуди клевети и голи ветувања

Петар Печков

Влегуваме во последната недела на изборната кампања а опозицијата не понуди проекти, програма, нивно финасирање, туку лаги, црна кампања, клевети, голи ветувања. Ниту план имаат ниту стратегија, само плукање. Таква политика граѓаните не сакаат. Кажа на митингот на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Велес, лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој му порача на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, дека без трошка срам излегувал пред граѓаните, како ништо да не било претходно. Луѓето се чуделе бидејќи се продавал како ново лице, а им бил познат кој е.  

„Никаде, ама букавлно никаде не излегоа со проекти, туку со голи ветувања за среќа, живот. Филипче во Струмица говореше за етика и морал во политиката. Дали е свесен што народот мисли за овие негови изјави. Имаат црна кампања, од првиот ден. Ниту план имат ниту визија“ – рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

Лидерот Мицкоски, за потсетување за граѓаните, наброја кои се проекти, како Влада ги реализирале сега веќе изминатите  16 месеци. Токму од Велес на пензионерите им ветиле повисоки пензии со линеарно зголемување, кое од пет илјади денари, сега стигнало до седум илјади денари. Повисоки плати во здравството, образованието, зголемена капитација за приватните доктори, гинеколози, стоматолози. Од државниот буџет досега биле префрлени половина милјарда евра во локалните, за значајни капитални инвестиции. Тоа досега ниту една Влада во независна Македонија не го сторила, рече Мицкоски. Ланската 2024 година била со историско највисоко ниво на директни странски инвестиции од 1,25 милијарди евра, со што е на трето место во Европа, по инвестиција по глава на жител. Намален бил јавниот долг за 4,7 процентни поени, прв пат после седум години а опозицијата лажела дека Македонија актуелната власт ја презадолжила. Партијата ДУИ продолжувала со истата политика, да повикуваат на пушки, во 21 век, кога се зборува за вештачка интелегенција.  Мицкоски претставувајќи го Марко Колев, нивниот кандидат за градоначалник, рече дека Велес на овие избори избира резултати, проекти, работа, идеа.  

„Со гордост гледам назад, на изминатие четири години. Покажавме дека се работи чесно и поштено, посветено. И покрај предизвиците од  кризи, може да се создаде град каде може да се живее. Во првиот мандат се поставени темелите,  подобрена е инфрасгтруктурата, реконструирани 100 улици, на 50 поставена нова водоводна мрежа. Изграден е покриен  Градски пазар, ново улично советлување, кеј на реката Вардар. Време е за нов чекор. Во вториот мандат ќе продолжам посветено на реализазија на поубав Велес“- кажа Колев 

Колев најави дека за сите негови проекти во следниот мандат има обезбедено  финансиски средства. Меѓу другото ги наброи, изградба на нов мост кај Башино село, обиколница за Велес, завршување на изградбата на подземната катна гаража и изградба на плоштад во центарот, реконструкција на Градски парк, отворање на Дом за култура.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати