Митскиот акционен еп, работен по Хомеровата „Одисеја“ со светската премиера и во Киноверзум Велес

Петар Печков

Пет филмови се наредните седум дена на репертаорот на Киноверзум Велес. Меѓу нив е и светската премиера на  блокбастерот кој се чека со нетрпение „Одисеја“. Се прикажува од вечерва четврток до следната среда во терминот од 19,30 ч. освен денес кога е од 20,.30ч.   По тројанската војна, Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи суштества како Полифемус, Сирените и Калипсо по патот.  Mитски акционен еп кој е снимен низ светoт, користејќи ја новата IMAX технологија. Филмот го претставува Хомеровиот еп. Во филмот глумат Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон и Лупита Њонго, како и Зендаја и Шарлиз Терон. 

Останатите четири филма се на врвот по гледаност во светот.
Најгледан изминатиот викенд беше анимираниот филм на Дизни -  Ваијана.   Публиката ја очекува спектакуларната авантура што го оживува магичниот остров Мотонуи и неговите несекојдневни жители, како и бројните впечатливи ликови како што се воинствените, но симпатични Какамори. Ваијана ќе го послуша повикот на океанот и за првпат ќе заплови подалеку од коралниот гребен на својот дом, па ќе тргне на епско патување за да му ја врати благосостојбата на својот народ. Ce прикажува петок и недела од 17,30ч.  

Aнимираниот „Мињони и чудовишта“  е на второ место по гледаност  во светот изминатиот викенд.  Бурна, смешна и вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа. Се прикажува  сабота, понеделник, среда во терминот од 18ч. 
 
Четврто место по гледаност е  хоророт „Зла смрт:Палење“.  Досега најсуровата и најзастрашувачка приказна во франшизата што беснее на големите екрани во сосема ново поглавје на крвопролевање и демонски хаос. Откако ќе го загуби сопругот, една жена наоѓа утеха кај семејството на мажот во нивниот зафрлен дом. Но тие еден по еден се претвораат во Немртви, а семејниот собир станува настан од пеколот. Притоа таа полека открива дека заветот што го дала во животот… живее и во смртта. Се прикажува петок, недела, вторник од 22,30ч. 

Се прикажува и хоророт „Обсесија“ . Млад човек,  безнадежен романтичар ја ослободува моќта на мистериозен предмет во  желбата да освои љубов, да  го освои срцето на девојката во која е заљубен но наскоро открива дека секоја желба носи мрачна и злокобна цена, откако ја ослободува моќта на еден мистериозен предмет што исполнува желби. Тој добива точно она што го барал и наскоро открива дека некои желби доаѓаат со мрачна и злокобна цена. Се прикажува сабота, понедленик и среда од 22,30ч.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати