Петар Печков
Објавено: петок, 19 јуни 2026
Ноќеска по полноќ уапсен велешанец по пријава од мајка му дека физички ја нападнал. Претходно синот пријавувал во полиција дека мајка му го нападнала неговиот син, нејзе внук. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 19 јуни во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(43 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 72-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот домот. Претходно, С.С. пријавил дека неговата мајка извесен период вршела насилство врз неговиот малолетен син, а на 16 јуни и физички го нападнала“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
