МТВ со нови четири ТВ канали

Петар Печков

Македонската радио телевизија, после големи подготовки и преземени активности преку нејзинана веб страница информира  дека почнува со емитување на четири нови телевизиски канали. И тоа:

МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик

МТВ 3 – канал за спорт и забава

МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма

МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма

Отворањето на новите телевизиски канали е реализација на најстратешката определба во програмата за работа на овој тим кој раководи со МРТ- потенцираат од националната  телевизија. 

Со пуштање во етер на новите канали очекуваме нашите гледачи да добијат можност за следење на поголем број на различни содржини што опфаќа повеќе целни групи. 

Гледачите кои ги следат програмите на Македонската радио телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да ги гледаат новите канали откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс  уредите.

Прв канал што ќе почне да емитува програма е МТВ 5 кој ќе започне на 8 април (среда) со почеток во 16:00 часот, а втор ќе биде МТВ 3 кој ќе започне да емитува програма на 10 април (петок) со почеток во 16:00 часот. Останатите два канала ќе започнат со работа на 16 април (четврток). Овој датум е земен заради јубилејот којшто го одбележува програмата на албански јазик.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати