Советот на Општина Велес доби електронски систем за работа

Петар Печков

Последната 15 седница на Советот на Општина Велес беше почеток на работата на електронскиот систем  на гласање. Освен што преку него се гледа кој советник како го дал неговиот глас, системот служи и за евидентирање на советниците за дискусија по одредена точка.  Екранот се  наоѓа веднаш до работната маса на претседателот на Советот.

„Со овој електронски систем се контролира колку и како се спроведува Деловникот за работа, реплики, контрареплики, минути на настап. Веднаш по завршувањето на седницата се добива и писмен записник кој го добиваат советниците. Колку советници се присутни.  Системот е воведен со средства до локалната власт“ – кажа Данил Јаневски, претседател на Советот на Општина Велес. 

Тој потенцира дека ова е прв изасега и  единствен ваков елекстронски систем во работа на Советите од локалните заедници во Македонија. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати