Локалните избори низ годините со бројки во Велес

Петар Печков

ТрМр потсетува како минале локалните избори за градоначалник од 2009 до последните 2025 година. Почетокот е од 2009 , бидејќи од тогаш ги има информациите на страницата. Изборите од 2005 биле во пролет, а ТрМр започна да работи есента 2005 година. 

Неделата на 5 април 2009 се гласаше втор круг за градоначалник на Велес. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Петров  освои 14.555 гласа или 50,4 отсто од излезените гласачи, додека кандидатот на ЛДП, СДСМ и НСДП Аце Коцевски освои 13.662 гласа или 47,3 отсто од гласовите. Во Велес биле запишани 47.850 гласачи излегле 28.891 или 60,4 отсто.   Во првиот круг   Аце Коцевски освои 13.322 гласа пред Горан Петров со 11.680 гласа.

Недела 7 април 2013 се гласаше втор круг за градоначалник на Велес.   Славчо Чадиев кандидат на ВМРО-ДПМНЕ  освои 18.059 гласа  или 54,41 отсто  од  запишаните 46.261. Кандидатот Аце Коцевски од  СДСМ освои  14.407 гласа или 43,41 отсто. Во вториот круг излегле  33.191 гласач што е одѕив од 71,75 отсто. Во првиот круг Аце Коцевски  има 16.163 гласа а   Славчо Чадиев  15.110. 

Недела 16 октомври 2017 прв круг локални избори.  Аце Коцевски  од СДСМ освои 15.962 гласа или 53,51%, пред кандидатот  на  ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев со освоени  12.293 гласа или 41,21%. Во Општина Велес излегле да гласаат  64,12% или 29.832 граѓани со право на глас од запишани  46.612 лица. 

На изборите  на 17 октомври 2021 година во Општина Велес гласале  52,28 % или во бројки 23.992, од запишани 45.892 гласачи.  Победи Марко Колев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со 51,6% добиени гласови од излезените - во бројки 12.380 гласачи, пред Ненад Коциќ од СДСМ со 32,46% или 7.789 гласови. 

И потсетување како беше неделата на 19 октомври. Марко Колев ВМРО-ДПМНЕ 13.992 гласа. Тоа е за 10,9  илјади повеќе од кандидатката на СДСМ Маја Хеско која има 3.050 гласови.  Излезеноста во Општина Велес, за избор на градоначалник  беше 42,44% од запишаните 44.950 гласачи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати