Летните тераси на кафулињата и рестораните ќе работат до 20ч. со најмногу четири лица на маса и растојание меѓу масите

Петар Печков

Од утре четврток,  кафулињата и рестораните  се отвораат и  ќе работат до 20 часот, најави  министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Во оваа прва фаза ќе се дозволи само работа на летните тераси, а доколку се почитуваат мерките и протоколите понатаму ќе се размислува за отворање и на затворените угостителски објекти.

Според протооколите кои ги изготвила Комисијата за заразни болести на една маса најмногу ќе можат да седат 4 лица. Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство. Задолжително е да има растојание меѓу масите. Ќе ја следиме ситуацијата дали се почитуваат препораките и доколку угостителите се придржуваат ќе ги отвориме и затворените угостителски објекти“, рече Бектеши на прес-конференцијата во Струга.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека полицијата ќе ги контролира угостителите дали ќе ги почитуваат протоколите за работа.

Владата на вчерашната седница донесе одлука од утре да се отворат угостителските објекти, а од денес укинат е полицискиот час.

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати