Кошаркарите на КК Борец баскет елиминирани со два порази од доигрувањето за пласман во Прва лига

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет ги завршија натпреврите во доигрувањето за пласман во Првата лига. Тие загубија во првата фаза, четвртфиналето, и во вториот натпревар со КК Шкупи, одигран исто така, како првиот меч,  во Чаир. Овој пат со високи 123:65. 

Осма победа во осум натпревари за РК Бисинов од разигрувањето за Супер лигата. Велешани се на пат за пласман во Супер лигата, тие се на врвот, откако дома со 35:23 (16:11) го победија составот на РК Шампион, кој досега нема ниту една победа во оваа фаза од натпреварите. Во следното коло велешани  дома, играат дерби со второпласираниот од табелата, тимот на РК Радовиш. МРК Борец во доигрувањето за опстанок, загуби во Струмица од второпласираниот состав на РК Астраион со 48:32 (25:15). Младите велешки ракометари остануваат последни 7 без освоен бод. Во следното коло играат дома со РК Партизан од Гевгелија, кој е на четвртата позиција.

Се одиграа две кола, 13 и 14 од Првата пинг понг лига. Велешки ППК Борец ТИМ беше поразен од ППК Прилеп со 4:3. Тоа беше израмнет меч во кој две екипи кои беа со состави со сличен квалитет, победија прилепчани. Во 14 коло велешани беа слободни. По овој сет натпревари ППК Борец е 6 од 9 екипи, со 18 бода и три екипи со идентичен скор победи и порази. Следниот и последен турнир се игра во средината на мај, на 11 и 12, кога ППК Борец игра со соседот на табелата ППК Рисови кој има седум победи, па со ППК Берово 2 кој има како и велешани шест победи и шест порази. На 12 мај игра со ППК Дебар маало состав со две победи и за крај со лидерот ППК Астраион кој има 11 победи и еден пораз. Лигата бори 9 екипи а излегува последно пласираниот тим. 

 фото ФБ/КК Борец баскет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати