Конституиран новиот Совет на Општина Велес, во кој доминираат жените ги има 14

Петар Печков

Се конституираше новиот Совет на Општина Велес. Тој брои 23 члена.  Како претседавач на претходниот состав, ја отвори Даниел Јаневски. Тој им го честиташе мандатот на сите членови.

„Советот да го користиме како место за натпревар на идеи, на проекти, со кои ќе се подобри животот на граѓаните на општина Велес,  а што помалку политика. Да ја оставиме за друго место“ – порача Јаневски. Потоа го повика Слободан Ников да продолжи со работа, како највозрасен член.

„Чест ми е како највозрасен член на ова тело, да ја водам оваа прва седница на Советот. Дозволете да го поздравам Вашиот избор, успех во четиригодишниот мандат, да носите исправни одлуки во интерес на граѓаните“- кажа Ников. 

Се избраа членови на верификациона комисија, во која се претседател Весна Атанасовска, Изабела Апцева (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ) и Ѕвезданка Пешиќ (Левица). Во продолжение членовите положија заклетва. 

Мандатот им го честиташе и градоначалникот Марко Колев. 

„Ќе се трудам да присустувам на секоја Ваша седница, бидејќи вие сте битни во целата работа. Не чека многу работа“ – рече Колев. 

Пред почетокот на седницата беше објавено дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ потпишале договор за коалиција, која и така е дел од владиниот кабинет. 

Во Советот на Општина Велес има 14 жени и девет мажи. На следната седница, откако одлуката за верификација ќе биде објавена во Службен гласник на Општина Велес, веќе утре, петок, треба да се избере нов претседатал и да се формираат 11 комисии, тела на Советот.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати