Кондуктер пријавил физички напад од патник во воз

Петар Печков

Петокот навечер во патничкиот воз од Битола кој доаѓал кон Велес пријавен е инцидент, кондуктерот бил нападнат од патник. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 27 февруари во Полициското одделение Чашка е пријавено дека околу 20:25 часот, на железничка станица „Стари Град“ во патнички воз, по претходно недоразбирање Н.С.(33 год) од Скопје, вработен како кондуктер, бил физички нападнат од Љ.Д.(59 год) од село Извор, општина Чашка“ – информира Ана Милеска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

По документирање на настанот против Љ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати