Комбе со српски туристи на пат кон Грција излетало од автопат

Петар Печков

Утрово патничко комбе со белградски регистарски таблички излетало од автопатот и удрило во браник о коловозот. Среќна околност е што повредени нема. Повеќе од информацијата на велешката  полиција.

„На 20 јули во СВР Велес е пријавено дека околу 06:00 часот, на автопатот Скопје –  Велес, патничко возило „опел“ со српски национални ознаки , управувано од Н.Н.(67 год) од Србија, во кое имало осум сопатници, сите од Србија, излетало надвор од коловозот и удрило во метална ограда. Во несреќата повредени нема, а причинета била материјална штета“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

Патниците во комбето според пишувањата на социјалните мрежи претпоставуваат дека возачот го совладало уморот од патувањето. Во возилото ималао осум патници. Увид на сообраќајниот инцидент извршила увидна екипа од СВР Велес.

 фото: курир.рс

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати