Петар Печков
Објавено: петок, 23 мај 2025
Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата од природните чешми и водата од водоводи во населени места не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење.
26.02.2025 Кумарино, испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за физичко-хемиска анализа,заради зголемена содржина на нитритите. Потребно е да се врши редовна дезинфекција и кондиционирање на водата, за да би можела да се користи за пиење.
25.02.2025 Раштани испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа, заради зголемениот број анаеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата, за да би можела да се користи за пиење.
25.02.2025 Сливник школо. испитаниот примерок не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа, заради зголемениот број анаеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата, за да би можела да се користи за пиење.