КК Борец со победа го заврши првенството на Втората лига, во доигрувањето игра со КК Шкупи за повисок ранг

Петар Печков

Со победа кошаркарите на КК Борец баскет го завршија првенството од Втората лига, а совладан на домашен терен е составот на последно пласираниот КК Тетекс од Тетово со 83:62. Со оваа победа велешани го освоија седмото место од 12 екипи и во доигрувањето за пласман во Првата лига ќе играат со вторпласираниот тим од табалета КК Шкупи. Се игра на два добиени натпревари. Првата се игра претстониот  викенд на Чаир.

Во 6 коло од Првата ракометна лига, во дербито во Гевгелија лидерот РК Бисинов го победи второпласираниот тим од табелата РК Партизан со 30:31 (12:14) во изедначен натпревар, во кој велешани беа постојано во водство со гол или два предност. Со оваа победа РК Бисинов е се поблизу до пласман во Супер лигата, бидејќи има предност од две победи над РК Партизан и РК Радовиш, кој ги победи во гости. Во следното коло во салата Гемиџии гостува РК Јехона од Гостивар која е шестопласирана.

Во разигуравањето за опстанок во оваа конкуренција во Ресен МРК Борец загуби од  РК Преспа со 55:32 (21:16).  И натаму младите ракометари на постариот велешки лигаш се последни без освен бод. Во следното коло МРК Борец е слободен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати