И по 50 дена од оштетувањето на пругата помеѓу Лисиче и Драчево, таа не е санирана, па возовите од Скопје до Велес патуваат и по час повеќе од редовното возење

Петар Печков

Ниту по месец и половина не е санирано оштетувањето на пругата Скопје - Велес. На 2 април поројниотдожд и дотечената Маркова река, однесоа дел од насипот, каде е поставена железничката пруга, на делницата помеѓу станиците Лисиче и Драчево.

Тогаш од Македонски железници информираа дека  возовите на оваа релација ќе ја користат пругата преку Трубарево, нема да има прекин, но патувањето ќе трае подолго.

За овој период нема  информации за активности  во однос на санацијата, додека  директорот на ЈП МЖ Инфраструктура (ЈПМЖИ) Синиша Ивановски, најавува изградба на брза пруга Скопје –Солун. На прашањето кога ќе започне санацијата на оштетувањето, од ЈПМЖИ најавуваат скоро.

„Се работи на санирање на насипот на Маркова река. До петок треба да се санира долниот строј. Лабараторија надлежна за проверка на стисливоста на долниот стој  ќе изврши контрола в петок. Од понеделник ќе започнат работите на горниот строј, односно поставување шини, прагови и толчаник. Се очекува до крајот на месецот да биде санирана пругата и од 1-ви јуни да стартува сообраќањето на возови“ – одговорија од   ЈПМЖ Инфраструктура, на поставеното прашање

За овој  период од 50 дена, патувањето од Скопје кон Битола и  Гевгелија е  долго.  До Велес се патува и  по  два  часа. Велешани сведочат дека  утринскиот патнички  воз од Скопје за Гевгелија е регистриран како минува во 9,44 ч иако по ред на возење треба да мине низ Велес во 7,22. И  во другите денови состојбата  со  доцнењето е од  по еден час  најмалку. На 17 мај патничкиот  воз од Скопја за Битола, наместо  во 10,30 во Битола  стигнал во  12,15ч.

„И тие малку патници  што  ја користеа железницата како  средство за превоз се откажаа. Кое е чувството да тргнеш а да не знаеш  кога ќе  стигнеш. Секое доцнење на возот е по 90 минути, до или од Велес. Премногу долго  се чека на санацијата на насипот и пругата“- вели патник за Скопје.

Директорот Ивановски на прес конференцијата најави дека ќе се врши рехабилитација на пругата  од Скопје до Велес, на делниците каде има брзина од 20-30 км/ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати