Петар Печков
Објавено: среда, 22 октомври 2025
Од денес повторно се во функција сигурносните рампи на железничките премини во Велес. Отстранет е проблемот- дефектот, кој еден месец стручните служби го санираа во контролните куќарки, покрај пругата кај Нов мост и преминот за Дворови. Од МЖ не соопштуваат што бил проблемот, но велешани од денес, среда можат да минат со возила непречено од еден во друг дел на градот.
Минатата седмица директорот на МК Инфраструктура Синиша Ивановски најави дека неделава дефектот ќе биде поправен и железничкиот сообраќај нормализиран.
Претходно, поради не функционирањето на рампите, возовите кога стигнуваа пред нив, сопираа па при придвижувањето, имаше случаи кога од тежината на возот која ја превезуваат, не можат да стартуваат. Затоа по половина час и повеќе тие стоеја на пруга а тоа пак создаваше огромни колони патнички возилка низ Велес, нервозни возачи кои доцнеа на работа или не стигнуваа на време да ги остават децата на училиште, градинка. Имаше и случаи кога возот го блокираше преминот, на граѓани минуваа преки вагоните, со што ја доведуваа во прашање нивната безбедност.