Изложба „Лица“ на Ангел Коруновски

Петар Печков

Впечатлива, интересна и несекојдневна изложба насловена „Лица“ понуди авторот Ангел Коруновски во Ликовниот салон во Велес.  Таа е продолжение на претходната изложба именувана „Летаргија“. 

„Оваа изложба е револт, крик од глобализацијата и општеството кое го наметнува материјализмот.  Како уметник чувствував потреба ликовно да реагирам на состојбата, посветена е на нормалниот човек, кој во оваа состојба  кога материјалното е кренато пред духовното. Сите вредности на човекот се занемарени. Младите трчаат кон финансиски бенефит, не оставаат печат во општеството, во културата, сите нејзини форми. Преку музиката, пишан збор, оставаме белег а кога следиме тренд не оставаме ништо.  Човекот низ епохи оставал белег, правел новини“ – кажа Коруновски. 

Изложбата е составена од три дела. Меѓу изложените дела се двајца од гемиџиите, два лика кои се работени во експресионистички манир.  Изложените дела се инспирирани од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Изложбата имаше тројца промотори.

„Изложбата ја почувствува како една реклама „светско а наше“. Авторот не се ограничува само на една техника во изложените дела“ – рече Кирил Пенушлиски.

„Авторот има карактер на човечност, кој преку овие дела го дели, споделува, дели со сите нас. Тој има непоколеблив дух и експериментира, пронаоѓа нови методи на изразување, таа љубопитност што ја носиме тој ја артикулира. Бара и пронаоѓа нов начин на изразување, нов медиум, што денес е се помалку достапен, има интердисциплинарен израз“ –  вели Лазар Трпков. 

„Покажуваме на дело „наше а светско“ и надвор од границите. Оваа изложба многу скоро, на крајот од месецот по Велес ќе патува за Белград каде дел од неа ќе биде изложена во Македонскиот културно информативен центар. Не е едноставно и лесно но мораме да се докажуваме нашите уметници да се презентираат и надвор од земјава. Велес треба да се гордее што има ваков калибар на уметник “ рече Јасминка Намичева.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати