Изложба „Емотивни пејзажи“ од Котевска и Попов во Ликовен салон

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на портрети на Јасмина Котевска од Демир Хисар и Тони Попов од Скопје.  Тие се претставуваат со вкупно 60 дела, изработени во акрил и пастел, претставени на изложбата „Емотивни пејзажи“. 

„Спонтано започнав да сликам, јас не сум уметник, туку историчар на уметност. Почнав да сликам кон крајот на 2025 година.  Поднаслов на изложбата е „никаде толку луѓе како во еден човек“ по стих на Мирослав Антиќ од Бесмртна песна. Го сликав човекот, човечката душа со неговите емоционални состојби“ – кажа Котевска.
Тие двајцата делата ги создале при работилница во здравствената  болница во Демир Хисар. Попов е самоук  сликар.

„Ова ми се мили слики оти излегоа спонтано, после заедничка  работилница со Јасмина. Сакате да биде сирова, сакате да биде најприродна што може. И тоа тоа што го гледате“ – рече Попов.

Изложбата претставува циклус експресионистички портрети и автопортрети создадени како непосреден одговор на внатрешните емоционални состојби на авторите. Наместо класично прикажување на физичкиот лик, делата го истражуваат човекот како психолошки простор – како збир од расположенија, сомнежи, сеќавања и тивки внатрешни разговори.

„Во целина, „Емотивни пејзажи“ го третира портретот како внатрешен пејзаж. Делата не се само претстави на лица, туку состојби – страв, надеж, замор, копнеж и помиреност. Изложбата го отвора прашањето колку идентитети живеат во еден човек и дали уметноста може да биде безбедно место за искреност и ранливост, слично како и пријателството – „да му бидеш огледало на другиот, доволно блиску и доволно искрено за да може да се види себеси“ – напиша Николина Атанасоска  авторката на текстот за каталог.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати