Изложба на рачните изработки од петте работилници на стари занаети

Петар Печков

Сите рачни изработки, кои децата учесници на работилниците за стари занаети, беа изложени во куќата на Касапови. Десет дена, 54 деца, основци, од осмо и деветто одделение, и две од седмо од основните училишта Велес, твореа во спомен куќите во Велес.

Во куќата на Рацин, на Солеви работеа грнчарите, во куќата на Васил Главинов –столарија,  во куќата на Касапови –ткаење, плетење, резба.

„Ова е завршен настан од сите пет работилници, изложени се изработените предмети. Позитивно сум изненаден од кретивноста, иновативноста  на децата кои учествуваа. Имаше деца кои се трудеа и направија прекрасни креации, изработки. Одлучивме годинашниве изработки децата учесници да си ги земат за себе како спомен и сеќавање“ – кажа Гоце Станчев организатор на работилниците.

Материјалите со кои децата учесници работеа, дрво, глина, конец,  волница, плетиво беа обезбедени од проектот. Тајните на   подзаборавените  стари занаети, грнчарството, столарството  и ткаењето ги учеа десет дена. 

„Целта ни е младите да ги поттикнеме на учење на овие стари занаети кои се во изумирање. Интересот со кој наидовме ги демантира тврдењата дека младите не се заинтересирани. Во надеж сме дека токму овие деца учесници, ќе бидат идни занаетчии, и ќе им биде второ занимање, хоби“ – рече Станчев.

Организаторот се надева  дека барем две – три деца  од секој занает,  во наредниот период ќе остане во занаетот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати