Излетал со возилото од експресниот пат, возачот од повредите починал во велешка болница

Петар Печков

Возач од Крива Паланка, Александар Ѓорѓиевски, се здоби со тешки повреди, откако излета со возилото од експресниот пат Прилеп – Градско а од здобиените повреди, починал во велешка болница.

„На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-  Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42 год) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда. После тоа, М.В.(44 год) од село Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда“ –соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Со амбулантно возило на Итната помош, дадена му е прва здравствена нега и е пренесен на Ургенет центар  во велешка болница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал.

Петокот пред полноќ е донсен пациент, со политраума, скршеница на нозе, карлица, ребра. Во текот на давање на здравстената помош пациентто почина“ – рече д-р Ванчо Граматов хирург, кој вечерта бил на дежурство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Ова е втор сообраќаен  инцидент за една седмица на приклучокот од експресниот пат Градско Прилеп, во првиот немаше жртви и повредени но сообраќајот беше во прекин 5 и пол часа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати