Петар Печков
Објавено: недела, 19 октомври 2025
Излезеноста на гласачите во Општина Велес за Локалните избори, во 18,30 ч. е 40,06 % за споредба пред четири години, на локалните избори било 50,72%. Во општина Велес за овие избори има запишано 44.950 гласачи.
Во Општина Градско излезеноста за Локалните избори во 18,30 ч. е 56,08 % а за споредба пред четири години, на локалните избори било 66,41% . Во општина Градско годинава има запишано 3.038 гласачи.
Во Општина Лозово излезеноста за Локалните избори во 18,30 ч. е 71,98 % а за споредба пред четири години, на локалните избори било 76,59%. Во општина Лозово за овие избори има запишано 1.905 гласачи.
Во Општина Чашка излезеноста за Локалните избори во 18,30ч. е 71,63 % а за споредба пред четири години, на локалните избори било 61,86 %. Во општина Чашка за локалните избори 2025 има запишано 6.141 гласачи.
Податоците сe од Државната Изборна Комисија
Еве што пропишал Изборниот законик, како се избира градоначалник во прв круг и под кој услов
17. Утврдување на резултатите за избор на градоначалник
Прв круг
Член 132
(1) Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.
(2) Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот списока за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.
