Издадени четири книги македонска белетристика отпечатени на Брајова азбука

Петар Печков

Здружението на слепи лица од Велес издаде четири книги со Брајева азбука, наменети за лицата со оштетен вид.

Промовирани беа „Египетска сонувалка“ од Божин Павловски, „Големата вода“ од Живко Чинго, „Прирачник за самоуништување“  и „Лесни машки“ од Сашко Насев.   Издавањето на две од овие книги, од Павловски е финансиски поддржано од годишната програма на  Министерството за култура и  на Чинго од Општина Велес, додека двете останати се издадени од сопствени средства на  Здружението.  Тоа досега има издадено 67 книги на Браево писмо, издава  и аудио книги. 

Новите четирите книги на Брајово писмо беа подарени на Градската библиотека во Велес.  Со ова институцијата продолжува да го збогатува фондот достапен за лицата со оштетен вид. Таа  располага со простор каде се книги на Браево писмо за лицата со оштетен вид, потврда за нејзината посветеност кон инклузијата и еднаквиот пристап до литература за сите читатели.  

фото Градска библиотеката Гоце Делчев

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати