Иванковчанец возел автомобил во алкохолизирана состојба со 2,84 промили

Петар Печков

Неделата попладне при контрола на соображајната полиција, жител на село Иванковци бил уапсен, оти упшравувал автомобил во видно алкохолизирана состојба. Деталите од инфорамцијата на велешката полиција.

„На 26.10.2025 во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34 год) од село Иванковци, велешко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Истиот ден, неделата, само претпладне во Неготино е уапсен возач кој возел под дејство на алкохол.

„На 26 октомври во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.С.(54 год) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта“ – дополни Ѓаковски.

Двете лица  биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против возчите  ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати