Петар Печков
Објавено: среда, 17 јуни 2026
Велешките пожарникари во нивниот билтен информираат за два опожарени автомобили. Едниот е во Велес другиот на пат кон езерo
На ден 16 јуни во 00:55 примена е дојава за запалено Патничко Моторно Возило на ул. Киро Чучук бр.45 Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 пп возило и 6 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгаснат.
На ден 10 јуни во 19:15 примена е дојава за запалено Патничко Моторно Возило на патот за Велешко Езеро Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза. Благодарение на брзата интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување на сувата трева.
фото интернет
