Зар требаше толку млади за починат, за да почнеме да ги решаваме работите-порака од протестот на Сармаале

Петар Печков

Mирен протест на велешани, со почит за починатите деца во пожарот во Кочани и бараат одговорност, брза и ефикасна. На плоштадот Сармаале,  присутни од сите возрасни групи со палање на свеќи  се простија од починатите.

„Се собравме за почит на овие починати деца, брзо и ефикасно закрепнување на повредените. И разрешница во случајот“ – рече велешанец.

„Сите жалиме за децата што заминаа, поради сите нас.  Триесет години молчиме, ама уште кратко. Децата заминаа поради нас возрасните оти ќутевме сиве години, го уништивме системот, општеството“- вели велешанка

„Страшната вест, која не разбуди неделата натуро, не не остава рамнодушни. Зар требаше да се случи ова за да се почне да се решаваат работите, зар толку млади деца да заминат па да проговориме. Зар тебаше волку жртви да се разбудиме“ – беа зборовите на велешѓанка.

Протестот немаше организатор, велешани беа повикани преку социјалните медиуми. За утре во 12 ч. е најавен нов протест, тој е закажан за во Младински парк.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати