Заврши санацијата на железничката пруга од Велес до Скопје

Петар Печков

Завршена е санацијата на пругата од Велес до Скопје, која започна минатото лето, откако лани на 21 март  беше констатирано дека на делницата Велес - станица Рајко Жинзифов има сериозни оштетувања.  Екипи на Службата за одржување на пругите (ЗОП) ги  завршиле работите.

„Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот помеѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената   е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час“- соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура. 

Тогашниот директор на ЈП МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец кажа дека мерењата покажале  на делница Велес - Рајко Жинзифов пругата е во лоша состојба и потребна е нејзина рехабилитација.

Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работел  на замена на дрвени прагови на делот помеѓу станиците Јане Сандански и Зелениково и прооден колосек во станица Зелениково. Работите биле завршени и  по што  брзината на возовите  од 20 км/час е зголемена на 50 км/час.

Исто така во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станица Кадина Река на втор  колосек , кој  досега бил  затворен за сообраќај,  истиот е  пуштен за сообраќај со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати